Неверојатно редок црн леопард е забележан како лови елени во национален парк

Прекрасен и неверојатно редок црн леопард е забележан како демне во националниот парк Тадоба во Индија. Големата мачка ја фатила камерата од 24-годишниот фотограф Анураг Гаванде, кој чекал две години за можноста да го види животното. Анураг успеа да фати зачудувачки фотографии од леопардот кој ловеше елени и го опиша моментот како „како да најдеш игла во сено“.

„Кога го гледате со отворени очи, не гледате дамки – изгледа тотално црно. Средбата траеше околу една минута овој леопард ми го даде најиконскиот момент во мојот живот.“, вели фотографот.

Анураг, кој управува со сафари во џунгла во Махараштра, во централна Индија, бил на сафари со неговата мајка и брат, кога сите го виделе прекрасното суштество. „Додека се движев кон врвот на ридот, видов два автомобили, а зад нив помина леопардот.“, се присетува тој. Момчето знаело дека ова можеби му е единствената можност да го види леопардот па веднаш почнал да фотографира.