Неверојатно видео ја покажува црквата Лахаина, како сѐ уште стои чудесно недопрена од разорните шумски пожари во Мауи, Хаваи, а до неа и најстарото дрво во местото, кое „спасило глава”

Мал чин на милост излезе на виделина во Мауи, каде што црквата Лахаина е поштедена од пожарот што го срамни со земја остатокот од историскиот град.

 

Видеото објавено на „TikTok” ја покажува католичката црква Марија Ланакила во центарот на Лахаина која сè уште стои меѓу урнатините.

 

Членовите на црковната заедница се огласија на Фејсбук за да ја изразат својата благодарност што зградата е спасена.
Џефри Чанг напиша: „Нека биде таа светилникот на надежта…да ѝ помогне на остатокот од заедницата“.

 

Друг корисник, Џефри Домдома напиша: „Нека биде светилник на надежта за луѓето од Лахаина!!!! Слава на Господа… на оваа карпа ќе ја изградам мојата црква!!! дојдете и следете ме…“
Теренс Ватанабе, свештеник на блиската парохија Сент Антони, изјави за „The Pillar“ дека целиот град Лахаина е изгорен од пожар. Сето тоа го нема. Црквата Марија Ланакила (Пресвета Богородица Победа) сè уште стои, како и ректоратот. Училиштето е малку погодено”.

„Овде, во Свети Антони, Пархија, започнавме фонд за луѓето да донираат“, додаде тој.
Се чини дека и 150-годишното дрво на Лахаина ги преживеало пожарите.
Од петокот историското дрво, сè уште стоеше, иако силно изгорено од пламенот.
Сè уште не е познато дали дрвото, кое било увезено од Индија во 1873 година, ќе преживее.

 

Дрвото на Лахаина, во близина на историската зграда на судот во градот, е познато како најстарото живо дрво банијан во САД.

Дрвото е член на фамилијата смокви и неговите „воздушни” корени кои се спуштаат кон земјата,  му овозможува на дрвото да расте вертикално и хоризонтално.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *