Невеста си купила неверојатно евтина венчаница од Али Експрес и ги изненадила сите
Блогерка од Нов Зеланд купила евтина венчаница од AliExpress и ги изненадила своите следбеници со нејзината цена.
Лидија Доналдсон се појавила пред камерата во вел и бел фустан со деколте во форма на буквата V, нагласена линија на половината и висок шлиц на здолништето. Фустанот е прилично елегантен а таа вели дека го порачала една недела пред свадбата за 50 евра од Али Експрес.
„Изгледаше прилично добро. Покрај тоа, има и џебови“, сподели невестата. Девојката признала дека одлучила да облече резервен фустан за свадбената церемонија, а за да го докаже тоа објавила фотографии. Не е сѐ толку црно што ќе се порача од Али Експрес.









