Невестата и младоженецот заедно со гостите и попот завршија во ЗАТВОР, откако ги прекршија правилата за карантин

Невестата, младоженецот, свештеникот и 40 гости беа уапсени откако им се спротивставија на правилата за заклучување во Јужна Африка. 48-годишниот Јабулани зули и неговата сопруга 38-годишната Номтандазо Мхизе го кажале судбоносното „да“ (кое скапо ги чинело), во провинцијата КваЗулу Натал, пред полицијата да им влета на церемонијата и да почнат да мафтаат со пиштолите, притоа носејќи заштитни маски.

Земјата е во втората недела на национално заклучување за да го забави ширењето на вирусот, во кој загинаа 11 лица и заразени повеќе од 1.600. На снимката може да се види како младоженецот ѝ помага на својата нова сопруга да се качи во полицискиот автомобил.

Венчавката била пријавена од загрижен анонимен член од заедницата. Од полицијата велат дека младенците, гостите и свештеникот биле пуштени од притвор со кауција од 50 евра. Најверојатни сите ќе бидат понатамошно гонети.