„Невината“ навика на една жена резултираше со повеќе од 100 лути ракуни во нејзиниот дом – не ѝ даваат мир се додека не им даде храна
Секогаш нѝ било кажувано да не ги храниме дивите животи кога ќе ги сретнеме во природата. Човечката интеракција создава опасни ситуации и животните стануваат премногу зависни од луѓето што им обезбедуваат храна што им пречи на нивните природни инстинкти. Дури и кога овие информации се прилично општо познати, тоа не секогаш ги спречува луѓето да сакаат да се обидат да станат принцеза Аурора од Заспаната убавица.
Па, така една жена од Вашингтон си храни ракуни во својот двор повеќе од 35 години. Таа никогаш немала никаков проблем бидејќи имала само неколку ракуни на кои им фрлала храна навечер. Но, сега некој од ракуните ја пренел „добрата вест“ на остатокот од семејството и сега жената има мал проблем. Во дворот има собрано околу 100 ракуни.
Сега ракуните одбиваат да ја пуштат жената во нејзиниот дом, станувајќи агресивни кон неа бидејќи бараат да им даде храна. Па, така се обратила кај шерифот во локалната полициска станица. Кевин Мекарти, портпарол на канцеларијата на шерифот за „Си-Ен-Ен“ изјави: „Никогаш не сме виделе толку многу ракуни на едно место. Никој никогаш не се сеќава дека бил опкружен со толкав број на ракуни. Ова беше прв пат. Не хранете диви животни. Кога дивите животни имаат сигурен извор на храна, тие ќе продолжат да му се враќаат, и тоа го направија и овие ракуни“.
rani kuce, da te lae :))))
Коментирај анонимно