Невообичаени закони и правила во земја која ги казнува сопствениците на валкани автомобили со 40.000 денари

Иако постојат различни добро познати закони кои треба да се земат предвид додека сте во Дубаи и околните Емирати, некои помалку познати ограничувања на ОАЕ често се занемаруваат. Од Дубаи до Абу Даби, ова се некои од најчудните закони и правила поради кои може да бидете уапсени, казнети или депортирани од земјата …

Пцуење на WhatsApp

Пцуењето во јавност е целосно забрането во Обединетите Арапски Емирати, со употреба на англискиот збор „fuck“ како кривично дело затоа што „ја посрамотува честа или скромноста“ на една личност, според член 373 од Кривичниот законик на ОАЕ.

Пцуењето е казниво со затвор до една година и парична казна до 10.000 дирхами (околу 150.000 денари). Покажувањето среден прст, што се смета за „непристоен гест“ што ја нарушува „гордоста, приватноста и/или скромноста на жртвата“, ќе резултира со депортација.

Ова исто така важи и за вашата онлајн активност; користењето пцовки во пораките на WhatsApp или на која било социјална мрежа или платформа за пораки ги прекршува сајбер законите на ОАЕ. Ова вклучува испраќање емотикони на гореспоменатите груби гестови. Може да се соочите со парична казна до 250.000 дирхами (речиси 4 милиони денари), затворска казна или депортација.

Проверка на нечиј телефон

Во Обединетите Арапски Емирати, нелегално е „да се навлегува во приватноста на друго лице“ користејќи компјутерски мрежи или социјални медиуми. Ова може да доведе до минимална затворска казна од шест месеци и парична казна од 100.000 до 500.000 дирхами ( од 1 милион па до скоро 8 милиони денари)

Јадење или пиење во јавен превоз

Целосно е забрането јадење и пиење во сите форми на јавен превоз и нивните станици, од метро и автобуси до пешачки премини. Ако ве фатат како консумирате храна и пијалок, вашиот паричник може да биде полесен за 100 дирхами (околу 1.500 денари).

Консумирање храна која содржи семе од афион (мак)

Афионот е извор на опиум и е забранета супстанција во ОАЕ. Да се ​​биде фатен во сопственост на афион е сериозно прекршување на законот и резултира со затворска казна.

Користење на VPN

Според законите за сајбер криминал на ОАЕ, корисниците на VPN може да се соочат со парични казни од 500.000 до 2 милиони дирхами доколку „користат лажна IP адреса или адреса на трета страна на кој било друг начин за да извршат кривично дело или да спречат да биде откриено.“ , без разлика дали се обидете за да пристапите до ограничена или блокирана локација или да преземете материјал заштитен со авторски права, ризикувате голема казна.

Валкан автомобил

Со честите песочни бури во ОАЕ, би помислиле дека ќе ви простат да имате правлив автомобил. Сепак, се смета дека валканите автомобили „го оштетуваат имиџот на градот и јавното здравје“. Поради тоа рутински се контролираат, а на сопствениците им се наметнуваат казни и давачки од 3.000 дирхами (околу 45.000 денари).

Иако немиењето на автомобилот може да ве доведе во сериозни неволји, истото може да предизвика и „неправилно“ перење на автомобили. Забрането ви е да перете автомобили во населени места или да ангажирате работници за миење на вашиот автомобил. Затоа, треба да го однесете вашиот автомобил до соодветните капацитети, како што се оние на бензинските пумпи и трговските центри.

Фотографирање луѓе без дозвола

Ова е многу сериозен прекршок што измачуваше многу луѓе во минатото. ОАЕ се многу строги за зачувување на приватноста на поединци, а фотографирањето некого без нивно знаење или согласност се сфаќа многу сериозно. Ова дополнително се влошува ако ги објавувате овие слики на платформите на социјалните медиуми. Според законите за компјутерски криминал, може да добиете парична казна до 500.000 дирхами и шест месеци затвор за кривичното дело.

Создавање и ширење гласини

Веројатно најдвосмисленото кривично дело на оваа листа, сè што се толкува како гласина е казниво според законот на ОАЕ. Озборувањето, особено на социјалните мрежи, може да резултира со тригодишна затворска казна и парична казна до еден милион дирхами. Со намера да се справи со оние кои „го нарушуваат општествениот мир и јавниот ред“ и претставуваат закана за „националниот мир“, ОАЕ имаат многу строги закони за ширење вести на интернет.