Невработен дипломец ја добива работата од соништата по храбар и креативен потег

Еден невработен дипломец поставил штанд во вторник наутро и добил интервју во рок од три часа, а имал нова работа до крајот на неделата.

Хајдер Малик, 24, одлучи да се упати кон централниот бизнис дистрикт Канари Варф во источен Лондон утрото на 2 ноември, надевајќи се дека ќе најде работна позиција во банкарството и финансиите.

Со диплома по банкарство и финансии од Универзитетот Мидлсекс во Лондон, г-дин Малик барал работа од почетокот на пандемијата „Ковид-19“ во 2020 година, но се фрустрирал од онлајн интервјуата на Зум затоа што не можел правилно да ја покаже својата способност.

Инспириран од неговиот татко Мехмуд Малик (67), пензиониран таксист кој мигрирал од Пакистан како тинејџер, тој поставил штанд среде улица и решил на тој начин да бара работа.

Г-дин Малик рече: „Првите пет минути или 10 минути се чувствував нервозен затоа што стоев таму со празни раце. Ми беше непријатно. Не знаев што правам, ми беше навистина чудно. Во чантата ги имав сите мои биографии и документи“.

Кога видел дека со стоење во место нема да постигне ништо, г-дин Малик го сменил планот и почнал да им се смешка на луѓето, да ги разговара си нив и да им дели копии од своето CV.

Г-дин Малик рече: „Го држев моето CV во рака и им кажував добро утро на луѓето, само се обидував да ги вклучам во разговор. Многу луѓе ми ги дадоа своите картички, ми ги дадоа нивните телефонски броеви и почнаа да разговараат со мене“.

Додека повеќето луѓе му давале охрабрувачки зборови, едно лице на пат кон работа му понудило помош која му го променила животот.

Г-дин Малик рече: „Имаше еден човек, Емануел, тој објави слика од мене на интернет. Тој дојде до мене, ми ја подаде раката и рече: „Ти посакувам се` најдобро“. Тој исто така рече дека сакал да направи нешто слично пред две години, но немал храброст. Беше среќен за мене и сакаше да сподели слика од мене на LinkedIn“.

Дипломецот му ги дал сите свои биографии на Емануел и во рок од еден час, тој добил порака во која се бара од него да дојде на интервју за работа како аналитичар за финансии.

„Ме интервјуираа на 30-тиот кат од една зграда, а јас гледав кон Канари Варф и размислував: „Леле, никогаш не очекував дека ќе бидам интервјуиран овде, а камоли потенцијално да се вработам“.

По интервјуто, г-дин Малик се вратил во својот автомобил за да си оди дома, но брзо сфатил дека неговата приказна станала хит на социјалните мрежи.

Г-дин Малик бил на второ интервју во петокот на 5 ноември во Канари Варф и истата вечер му била понудена работа.