Невремето Дараг уништи огромна соларна фарма во Обединетото Кралство – во Англија и Велс беше уклучен црвениот аларм за временски непогоди

Стотици панели на огромната соларна фарма Порт Вен во Англси, Северен Велс, со површина од 190 хектари, беа изместени од своите носачи, а дел од нив и целосно уништени. Оваа фарма, изградена пред само две години, е во сопственост на француската компанија „ЕДФ Енерџи“ и обезбедува електрична енергија за до 9.500 домаќинства. Сега, за нејзино враќање во функција, потребни се значителни поправки.

 

 

 

Истовремено, работите на враќање на електричната енергија за илјадници домови и повторното отворање на железничките линии се отежнати поради паднати дрвја. Ураганот предизвика ветрови со брзина од 200 километри и силни налети долж целото крајбрежје на Ирското Море.

 

 

Редок црвен аларм беше издаден во западна Англија и Велс, повикувајќи ги луѓето да не излегуваат освен за итни потреби.

 

 

Во понеделникот беше именувана втората жртва на невремето, Кер Хусеин Шахин (56), татко на седум деца, кој загинал во Бирмингем кога дрво паднало врз неговиот автомобил. Претходно беше потврдена смртта на Пол Фидлер (40), кој загина откако дрво паднало врз неговото комбе во Ланкашир.

 

 

Ураганот, четврти за оваа сезона, донесе и поплави. Реките Вај, Северн и Уз го достигнаа врвот, предизвикувајќи поплави во центарот на Јорк и делови од Хемпшир и Кембриџшир. Метеоролозите предвидуваат стабилизација на временските услови во наредните денови, со облачно време и повремени сончеви периоди, но пониски ноќни температури.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *