Невремето го скршило џиновското дрво во дворот, па тие му дале втор живот со оваа генијална идеја
Поранешниот наставник Џејкоб Вицлинг и поранешната манекенка Сара Андервуд сега живеат во северозападниот дел на САД и уживаат во градењето работи со свои раце. Двојката го документира процесот на нивниот TikTok канал. Видеата во кои инфлуенсерите трансформираат џиновски бор, добија особена популарност.
Според авторите на идејата, тие не го исекле дрвото намерно, туку го искористиле 70-годишниот бор кој паднал од големото невреме.
Коментирај анонимно