Незаборавна ноќ (виц)

Запознал еден дечко симпатична девојка и се случило, таа го поканила на гости доцна вечерта. Влегуваат во собата и започнуваат да се натискаат. Таа:
– Шшшт, потивко! Моите спијат. Татко ми е од одделот за брзи интервенции, а и мајка ми е полицајка.
Фраерот си мисли:
„Уф, каде упаднав!“
Но сепак продолжува. По кратко време таа пак:
– Потивко, де! Брат ми е во соседната соба, работи како обезбедување.
Фраерот пак си мисли:
„Уф, каде заглавив!“
Девојката:
– Сакаш ли да поминеш една незаборавна ноќ?
– Да!
– ПОМОШ! МЕ СИЛУВААТ!