Нездрави цени на популарниот фестивал за музика и уметност Коачела: 3600 денари за 2 бурита и 2 кафиња

„Коачела“, е годишен настан што ги привлекува љубителите на музиката и уметниците од целиот свет во сончевата пустина Индио, Калифорнија. Од своето основање во 1999 година, фестивалот се етаблира како еден од најпознатите музички настани во светот. Оваа година организаторите претераа со цените.

Да започнеме од влезниците. Викенд влезница во пустината чинеше 500 евра, а ВИП влезница дури 1000. Двојна вотка со Ред Бул 1500 денари, порција помфрит со чили и сирење 1350 денари, а девојките во видеото во продолжение за 2 бурита и 2 кафиња платиле неверојатни 3600 денари.