Ни маркетите не се безбедни, еве уште една причина зошто никогаш нема да одиме во Австралија

На интернет се појава застрашувачка снимка од огромен питон во супермаркет во Сиднеј, Австралија.

На снимката можеме да го видиме „ѕверот“ како излегува од рафтот за зачини и ја подава главата сосема мирно, додека, несомнено, луѓето наоколу паничат.

По се изгледа дека никој не настрадал, освен со по некој кошмар во ноќите што следат, а питонот бил заловен и подоцна ослободен од надлежните служби.

 

Покрај огромните пајаци, ова за нас е причина плус никогаш да не ја посетиме Аавстралија.