Никогаш не губете надеж: полицијата во Лас Вегас реши убиството на тинејџерка од пред 42 години
Идентитетот на убиецот на тинејџерка конечно беше откриен од страна на полицијата во Лас Вегас, повеќе од 42 години подоцна.
На 26 јануари 1979 година, 16-годишната Ким Брајант не се вратила дома од училиште и потоа била пријавена за исчезната. Нејзиното тело подоцна било пронајдено во пустина, откако било с*ксуално злоставувано, на 20 февруари 1979 година.
Полицијата „го истражувала овој случај со години без да може да го идентификува осомничениот“, според детективот Реј Спенсер од полициски оддел во Лас Вегас.
Сепак, напредното тестирање на ДНК неодамна донесе одговори на многу прашања.
По финансиската донација од Џастин Ву, жител во Лас Вегас, ДНК доказите од случајот можеа да бидат испратени на тестирање и генеалошко истражување во лабораторија за форензика во Тексас, САД.

На прес-конференција, Спенсер изјави:
„Пред десет дена бевме известени дека генолошкиот профил изграден од лабораториите „Othram“, врз основа на спермата пронајдена на телото на Ким Брајант на обдукцијата, откри дека Џони Блејк Петерсон бил лицето што ја киднапирало, с*ксуално ја нападнало и ја убило Ким Брајант“.
Според Спенсер, Петерсон „никогаш не бил на радарот како осомничен за убиството“.
Петерсон имал 19 години во времето на смртта на Брајант, но подоцна починал во јануари 1993 година, соопшти полицијата.

На прес-конференцијата беше прочитана изјава во име на Едвард Елиот, таткото на Брајант.
Таа гласеше:
„Ким беше убава девојка со светла иднина и ме радува што се прави нешто за да се помогне во решавањето на случаи како што е нејзиниот“.
Џастин Ву, чие финансирање го овозможи решавањето на случајот, се надевал дека резултатите „ќе донесат мир“ за семејството на Брајант.
