Никогаш не се омажила, а сите мажи ги оставила прва само поради една причина!
Француската актерка и оскаровка Жулиет Бинош е позната како една од најубавите во Холивуд, а на нејзиниот младешки изглед и денес многумина и се восхитуваат, иако веќе не се појавува често во јавноста.
58-годишната Жулиет изгледа како времето да застанало за неа, особено во свечените прилики каде што не се откажува од комбинации кои го истакнуваат нејзиното убиствено деколте, облините и беспрекорната линија.
Едно од нејзините последни излегувања беше фестивалот Rendez-Vous With French Cinema на Film At Lincoln Center на почетокот на март, каде што го привлече вниманието во необичен комбинезон под кој не носеше градник.
Актерката својот приватен живот го држи подалеку од јавноста и медиумите, но призна дека ги оставила сите мажи кои ги сакала бидејќи се плашела дека тие први ќе ја напуштат, за што проговори во интервју за магазинот Ин.
„Не би можела да поднесам ако е поинаку“, признала актерката.
Жулиет никогаш не се омажила, а има 26-годишен син Рафаел, кого го добила во врска со нуркачот Андре Хале и 21-годишната ќерка Хана, која ја добила во врска со актерот Беноа Мажимел.
Покрај „Чоколадо“, Жилиет е позната и по улогите во хит филмови како „Англискиот пациент“, кој и донесе Оскар за најдобра споредна женска улога, „Скриено“, „Три бои: сина“ и „Коњаник на покривот“.