„Никогаш нема да заминете!“ беа зборовите со кои беа пречекани првите 2000 затвореници во мега затворот во Ел Салвадор. „Мора да стави крај на овој рак во општеството“, вели министерот

Мега-затвор во Ел Салвадор ги отвори вратите за своите први 2.000 затвореници, осомничени членови на банда – кои по нивното пристигнување дознаа дека нема доволно кревети за секого и дека воопшто нема душеци.

 

 

Објектот е дизајниран да смести 40.000 осомничени гангстери, а министерот за безбедност на централноамериканската земја ги предупреди затворениците дека „никогаш нема да заминат одовде“.

Преселбата во високотехнолошкиот затвор следи по „војната“ на претседателот Најиб Букеле против криминалот.
Букеле на „Твитер“ напиша дека „во зори, во една операција, ги префрливме првите 2.000 членови во Центарот за ограничување на тероризмот (ЦЕКОТ)“ – за кој тврди дека е најголемиот мега-затвор во Америка.

 

 

 

Букеле додаде: „Ова ќе биде нивната нова куќа, каде што ќе живеат со децении, сите измешани, не можејќи да му нанесат дополнителна штета на населението“.
Тие беа натоварени во автобуси, рацете и нозете во окови, за да ги однесат во новиот затвор во конвој во кој имаше хеликоптери.

Претседателот објави видео на кое се гледаат боси, тетовирани мажи кои носат само бели боксерки, наведнати и со рацете зад избричените глави.

 

 

 

Во новиот објект, мажите беа на сличен начин наредени пред да бидат одведени во големи групи во нивните ќелии, каде што се оставени да седат на подот пред наредени метални кревети без видливи душеци.

„Го елиминираме овој рак од општеството“, напиша на „Твитер“ министерот за правда и безбедност Густаво Вилаторо.

„Знајте дека никогаш нема да излезете одовде, ќе платите за тоа што сте… кукавички терористи“, додаде тој.

Изграден по наредба на Букеле откако тој им објави „војна“ на бандите минатиот март, затворот во Теколука, 74 километри  југоисточно од главниот град Сан Салвадор, се состои од осум згради направени од армиран бетон.

 

 

 

Секоја од нив има 32 ќелии од околу 100 квадратни метри, дизајнирани да собираат „повеќе од 100“ затвореници, според министерот за јавни работи Ромео Родригез.

Секоја ќелија има само два мијалници и два тоалета.
Има само 80 метални легла на секои 100 затвореници, а групите за права и набљудувачите ја критикуваа изградбата како кршење на стандардите за затворање.

 

 

„Нема да има душеци во ќелиите“, им рече на новинарите управникот на затворот – кој носеше скијачка маска за да го заштити својот идентитет – кога беше претставен проектот.

Додека затворот е опремен со трпезарии, сали за вежбање и маси за пинг-понг, тие се исклучиво за употреба на чуварите.

 

 

Затворениците ќе ја напуштат ќелијата само за правни сослушувања преку видеоконференција, или ќе бидат казнети во изолација без прозорци и неосветлена ќелија.

Околу 63.000 претпоставени членови на банди се приведени откако Букеле прогласи вонредна состојба пред неколку месеци, дозволувајќи апсења без налози во земјата зафатена со насилство.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *