,,Никогаш повеќе сама“: дм дрогерие маркт доби признание за општествена одговорност со проектот посветен на менструалната сиромаштија
На 27 мај, во ресторанот ,,Рагуза“, во рамките на прославата на 17-от роденден на магазинот ,,Убавина и здравје“ dm добие признание за својата посветеност кон општествената одговорност за проектот ,,Никогаш повеќе сама“. Оваа свеченост не само што одбележа важен момент за магазинот, туку и посвети посебно внимание на поединците и компаниите кои со своите дела придонесуваат за подобрување на животот во нашата заедница.
Проектот ,,Никогаш повеќе сама“ со виртуелниот лик Bestie е симбол на надеж и поддршка. Со донација на повеќе од 200 диспанзери минатата година и повеќе од 100.000 хигиенски влошки на сите државни факултети, dm покажа дека грижата за жените и нивното здравје е приоритет. Оваа година, тие продолжија со полна пареа со снабдување на универзитетите со нова количина од речиси 130.000 хигиенски влошки од приватната марка Jessa за новиот семестар. Со ова, вредноста на овој проект досега изнесува речиси 2 милиони денари.
„Менструалното здравје е тема која во нашето општество за жал е премалку застапена, а во животот на секоја девојка и жена премногу застапена. Токму затоа, како компанија во која вработените и купувачите во најголема мера се жени, овој проект зазема посебно место во нашите срца. Водени од резултатите од едно истражување дека секоја трета учесничка во истражувањето барем еднаш во животот се нашла во ситуација да нема пари да купи влошки и да мора да импровизира со крпи или тоалетна хартија, го создадовме виртуелниот лик Bestie со кој им покажавме на девојките и жените дека не се сами и им обезбедивме ресурси на студентките да се чувствуваат сигурно и достоинствено. Ова признание за нас е само уште една потврда за нашата посветеност кон заедницата и нашата визија за подобра иднина која може да ја создадеме само преку заедништво.“ – изјави Сандра Атанацковиќ, претставник од маркетинг тимот на dm.
Светскиот ден на менструалната хигиена
Во рамките на проектот ,,Никогаш повеќе сама“, dm го одбележа Светскиот ден на менструалната хигиена, 28 мај, со уникатна активност која ги доближи уште еден чекор поблиску кон нивната цел – да создадат простор за разговор за менструалното здравје. Имено, улицата „Македонија“, на потегот од Рекорд кон плоштадот „Македонија“ на 28 мај доби ново име – улица „Bestie“. Во срцето на настанот беа поставени три зони за брзо советување со гинеколог, каде што три доктори-специјалисти од Здружението на гинеколози и опстетричари – МАГО, обезбедуваа доверливо, брзо и квалитетно советување за сите прашања поврзани со менструалното здравје и хигиена. Од другата страна на виолетовата улица, минувачите можеа да креираат фото спомени и да ги споделат на своите профили на социјалните мрежи, со што добија симболичен подарок за нивната поддршка на настанот.
Иако доаѓа како круна на нивните досегашни активности, за dm ова признание е само уште една нова почетна точка во нивната мисија – да создаваат позитивни промени и да продолжат да придонесуваат во заедницата во која работат.
Се само за жените. Ништо за мажите. Цел свет стана фемивентричен. Мажите се сведени на нижа вредност и втор сталеж. Има ли крај ова зло?!
Коментирај анонимно