Никулци од брокула – број 1 храна која лекува рак

Сигурни сме дека ќе бидете апсолутно фасцинирани кога ќе дознаете дека никулците од брокула се неверојатно моќни убијци на клетките заразени со рак, поради нивната необично висока содржина на сулфорафан. Сулфорафанот се наоѓа во брокулата, спанаќот, кељот, карфиолот, зелката и прокељот, но никулците од брокула содржат најмногу од кое било друго растение на планетата.

 

 

Пол Талалај, доктор по медицина, професор по фармакологија и молекуларни науки на Медицинскиот факултет на Универзитетот Џонс Хопкинс, кој истражувал растителни соединенија цели 25 години, е голем поборник за никулците од брокула.

Тој вели: „Никулците од брокула содржат 20 до 50 пати повеќе хемопротективни соединенија отколку зрелите брокули и можат да понудат едноставен начин за намалување на ризикот од рак преку исхрана“.

Во 1992 година, Талалај и неговиот истражувачки тим откриле дека сулфорафанот има способност да ги зајакне природните одбрани на телото од оксидативен стрес, воспаление и оштетување на ДНК.

Со текот на годините, многу студии од други истражувачи ги потврдиле заклучоците на д-р Талалај. Една студија на Џед Фахеј, доктор на науки, директор на Центарот за хемопротекција Кулман при Универзитетот Џонс Хопкинс, докажа дека никулците од брокула обезбедуваат „драматична заштита“ од дигестивни проблеми, вклучувајќи рак на желудник, чирови, гастритис и развивања на „Helicobacter pylori“, бактерија силно поврзана со воспаленија поврзани со рак на дигестивниот систем.

Во експеримент со 48 пациенти со инфекција од H. pylori, половина од волонтерите јаделе 70 грама никулци од брокула дневно во текот на два месеци, а другата половина исто толку количина од никулци од луцерка, кои не содржат сулфорафан. Биомаркерите на инфекција се намалиле кај волонтерите кои јаделе никулци од брокула.

 

 

Никулците од брокула се добри сите видови рак, а особено корисни за:

  • Рак на желудник
  • Рак на дебело црево
  • Рак на простата
  • Рак на мочен меур
  • Рак на дојка
  • Рак на црн дроб
  • Рак на мозок

Ако правите хемотерапија, зрачење или хируршка интервенција, може да имате зголемен ризик од инфекција, па затоа се препорачува да ги вклучите никулците од брокула во вашата исхрана.

Препорачана „доза“

  • За лекување на рак: 70 грама никулци од брокула дневно
  • За превенција на рак: 70 грама никулци од брокула секој трет ден

Доколку не можете да ги набавите, во аптеките се продаваат и во форма на капсули.

  • Ankica Vitanova напиша:

    Vo koja apteka vo Skopje mozat da se najdat kapsuli od brokula? Zosto seme ne mozeme da najdeme za da pravime nikulci od brokula.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *