„Ниту еден лекар не може да помогне“: Плејбој модел преживеа тумор на мозокот и даде важен совет

Анастасија Заворотнук или позната под нејзиното уметничко име Кира Шајн е пејачка, актерка и Плејбој модел од Русија. 30-годишната жена некое време страдала од мигрена и не можела да сфати што ја предизвикува, се додека не доживеала мозочен удар. Тогаш лекарите откриле дека Кира има тумор.

Туморот на Кира наскоро ѝ бил изваден и поминала 6 месеци со интензивна хемотерапија. На крајот од својата борба со болеста Кира заклучи дека најважната работа во борбата против ракот е психолошкиот дух. „Сите што ги креваат рацете и мислат на смрт, на крајот умираат. Ако нема став, ниту еден лекар нема да помогне. Секогаш мора да верувате во себе и во чуда. Мислите се материјални. Ракот не сака силни луѓе, во тој момент си заминува.“ вели Кира.

Сега моделот води активен животен стил и прави редовни посети кај лекарите. Таа додаде дека по операцијата, рехабилитацијата била многу долга. На секои шест месеци треба да се направи МНР. Таа сега вели дека нема да го троши своето здравје на залудни работи и нема да одложува ништо во животот.