Нивната трагична приказна сѐ уште не е прежалена, а актерката едвај собра сили да се потсети на тој период

Непрежалената трагедија и љубов на актерката Мишел Вилијамс и покојниот актер Хит Леџер послужи како инспирација за филмот „Крв“ во режија на Бредли Руст Греј, инаку „добар пријател“ на актерката.

Иако првично се шпекулираше дека 41-годишната Мишел треба да се појави во главната улога, сепак ѝ беше премногу тешко. Греј објасни дека филмот е инспириран од нејзиното искуство за справување со тагата по смртта на Хит, со кој почна да се забавува во 2004 година откако заедно глумеа во „Brokeback Mountain“, а една година подоцна ја дочекаа ќерката Матилда, која сега има 16 години.

Да потсетиме, парот раскина во 2007 година, само неколку месеци пред Хит да почине од последиците од случајно предозирање на само 28-годишна возраст.

Бредли сега објасни како почнал да го развива сценариото со Мишел како негова соработничка, а идејата била таа да глуми ожалостена вдовица.

“И двајцата ја споделивме таа тежина, смрт и чувство што доаѓа кога некој ваш близок ќе умре. Додека се подготвувавме да го снимаме филмот, таа сфати дека сето тоа е малку премногу интимно и културно се заблагодари”, изјави Бредли за Entertainment Weekly.

Мишел, која се омажи за режисерот Хамилтон Томас Кајл во март 2020 година и со него доби дете три месеци подоцна, отворено зборуваше за процесот на тагување и како смртта на Хит ѝ го промени животот.

„Сега мојот живот, нашиот живот, некако се подобри. Неговата смрт го промени начинот на кој го гледам светот и начинот на кој комуницирам секој ден. Ме промени како родител, како пријател. Го промени видот на работата што навистина сакам да ја работам. Стана леќа низ која го гледам животот“, рече актерката во интервју за Вог во септември 2011 година.

Иако се откажала од филмот, Бредли сепак и е благодарен на Мишел, која на сон го смислила насловот и му помогнала да ја пронајде приказната што сакал да ја раскаже.

Филмот освои специјална награда од жирито на овогодинешниот фестивал Санденс за неговата бескомпромисна уметничка визија.