Њујорк ги „ослободи“ целосно вакцинираните граѓани и еве како изгледа тоа

На 19-ти мај Њујорк го откажа задолжителното носење маски за целосно вакцинирани лица. Гувернерот на Њујорк Ендру Куомо, во средата објави дека е „пресвртница“ бидејќи повеќето од ограничувањата се официјално намалени и вакцинираните њујоркчани можат да ги извадат своите маски во повеќето случаи.

Директорот на CDC, Рошел Валенски увери дека „секој што е целосно вакциниран, може да учествува во активности од затворен тип и надвор, големи и мали, без потреба да носи маска или да одржува социјално дистанцирање“. Нови мерки насочени кон враќање на целосната нормализација на активностите ќе бидат преземени на 1 јули.