Премини на МотикаX

НЛО се судри со борбен авион на американските воздухопловни сили на небото над Аризона

Во јануари 2023 година, американски борбен авион F-16 Viper доживеа судир со неидентификуван објект над Аризона, при што беше оштетен стаклениот поклопец (canopy) што го штити пилотот. Според податоци на Федералната авијациска администрација (FAA), авионот бил удрен од „портокалово-бел БПЛ“ – беспилотно летало, познато како дрон – додека летал во ограничен воен воздушен простор над Гила Бенд. Иако нема повредени, авионот вреден 63 милиони долари мораше да биде приземен за поправка.

Само еден ден по инцидентот, пријавени биле уште три неидентификувани летала над воениот полигон Бери Голдвортер – област каде американската војска вежба воздушни маневри. Случајот е еден од 22 слични инциденти со борбени пилоти во периодот од октомври 2022 до јуни 2023 година, главно во близина на базата Луке, каде се стационирани голем дел од F-16 авионите.

 

НЛО се судри со борбен авион на американските воздухопловни сили на небото над Аризона

Повеќе слични нерешени случаи

Иако FAA нема докази дека се работи за вонземски објекти, голем дел од случаите остануваат нерешени. Според нов извештај, Агенцијата за анализа на аномалии (AARO) разгледува над 750 пријави на неидентификувани воздушни феномени (UAP) ширум светот, од кои 410 се над САД. Некои сведоштва, како од поранешниот разузнавач Луис Елизондо и граничниот агент Боб Томпсон, зборуваат за орбови, „портали“ во небото и мистериозни летала во облик на пури или триаголници.

Повеќе слични нерешени случаи

Сè поголем дел од владините извештаи вината ја лоцира кај мексиканските нарко-картели, кои наводно користат напредни дронови за шпионирање и пренос на дрога, особено над воените бази долж границата.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Васе напиша:

    Предмалку на еден МК сајт прочитав дека: „Чуварите во Костарика фатиле мачка која во затвор внесувала пакети со дрога: „Шверцувала“ 67,76 грама хероин и 235,65 грама марихуана. Пакетите со наркотици беа отстранети од телото на животното и конфискувани.“ Така да зошто не би користеле и дронови (веќе е откриено дека користат авиони, хеликоптери, подморници, тунели…).

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *