Нобеловец има добри вести за ширењето на коронавирусот во Италија и Њујорк

Научник, нобеловец од универзитетот Стенфорд тврди дека епидемијата на коронавирус што ги уништува Италија и Њујорк конечно забавува. Д-р Мајкл Левит (72) е американски, британски, јужноафрикански и израелски професор по структурна биологија на универзитетот Стенфорд во Калифорнија. Во 2013 година д-р Левит ја доби Нобеловата награда за хемија.

Професорот Мајкл Левит, кој точно предвидел колку случаи и смртни случаи ќе се случат во Кина рече дека Италија и Њујорк сега се „на лечење“. Тие се две од најтешко погодените места во светот, со комбинирани 157.000 случаи од глобално вкупно 736.000.

Италија стана епицентарот на светската криза откако Кина ја презеде ситуацијата под контрола, но САД – со население пет пати поголемо, брзо го зазема првото место. Њујорк е најтешко погодената држава таму, со најмногу потврдени случаи (59.513) од која било друга земја освен Италија (97.689), Германија (62.457), Кина (81.439) или Шпанија (85.195).

Професорот Левит рече дека Италија „сврте на аголот“ и дека бројот на нови дневни случаи се чини дека го поддржуваат неговото тврдење, откако изминативе 10 дена се израмнија и опфаќаат околу 5.000-6.000 на ден.

Ситуацијата во Њујорк е помалку сигурна – нивниот нов дневен број на случаи во изминатите три дена е нешто над 7.000 на ден. Оваа недела ќе биде клучна во откривањето како ќе продолжи епидемијата таму.

„Њујорк за кој сите се жалат, всушност се врти. Њујорк Сити ја мина својата средна точка и овој камион наречен COVID кој забрзуваше кон ѕидот веќе не забрзува, ги стиска сопирачките и тоа значи дека … Њујорк е на лекување. Во Велика Британија нема доволно бројки и има премногу засебни епидемии. Италија, од друга страна, сврте на аголот; Швајцарија сврте на аголот. Се надеваме, но сè уште не сме сигурни, дека Шпанија се приклучи и на овој избран клуб на луѓе кои ја минаа средната точка.“, вели нобеловецот.