„Носењето розово не те прави помалку маж!” Татко ја носи својата ќерка на премиерата на „Барби”, носејќи иста розова облека и поради тоа стана хит на социјалните мрежи
Посветен татко ги стопи срцата на луѓето, со тоа што се облекол во розово трико и туту, за да ја одведе својата мала ќерка на Барби филмот во кино.
Тој ги импресионираше следбениците на „Фејсбук” со споделување фотографии од него и неговата ќерка облечени во истото розово трико и бебешко розово туту.
Тој објасни: „Ќерка ми рече: „Тато одведи ме на премиерата на Барби, но облечи нешто розово или премногу ти е срам?“
Тој додаде: „Мислам дека таа што ќе се засрами е таа!“
Аутфитот го комплетираше со каубојска капа и чизми.
Родригез ја однел својата ќерка да ја види Барби во киното Синеполис во Нуево Ларедо, Тамаулипас, Мексико, на 21 јули.
На една фотографија, гордиот татко се гледа како купува билети за влез на шалтерот во неговата специјална облека.
Родригез рече: „Ги направив овие објави без да сакам да се истакнам, само го направив она што го сакаше мојата ќерка.
„Би направил се за неа. Беше толку среќна. Верувајте ми, носењето розова облека и туту не те прави помалку маж”.
Фотографиите на Родригез и неговата ќерка предизвикаа сензација на Фејсбук со илјадници споделувања и коментари.
Коментирај анонимно