Носталгична девојка си ги чува сите стари мобилни телефони! Дали сте имале некој од овие?

Додека била на одмор кај нејзините родители во Ко Лаоис, Ирска, Мерироуз Симпсон влегла во нејзината стара детска соба и пронашла многу интересно „богатство“. Таа си ја пронашла колекцијата од нејзините стари телефони и додека ја гледаме како ги покажува сфаќаме со колкава брзина технологијата скокна напред.

„Како што доаѓаме кон крајот на една деценија, јас само решив дека би било убав начин да се прослави напредокот во мобилната технологија.“, вели Мерироуз.