Носталгија: Се сеќава ли некој на Авион-ресторанот во Неготино?

Доколку денес им раскажуваме на помладите генерации за тоа „како било во минатото“ сите очекуваат „досадни приказни“ за Југославија, но колку и да е „тешко“ да се поверува во тоа време во Македонија имало работи со кои ретко кој би можел да се пофали во светот.

Денес имаме секаков вид на ресторани уредени според најмодерните и луксузни ресторани, но во 1969 година во Неготино постоела една авагардна знаменитост која била вистинска атракција за туристи од целиот свет. Станува збор за Авион-ресторанот. Во тоа време во светот постоеле најмногу 3 вакви ресторани.

Се вели дека авионот бил срушен, но со упорност и желба авионот бил претворен во ресторан. Интересно е што во овој ресторан се одржал и еден избор за Мис Југославија. Ресторанот служел и како дискотека, а бидејќи се наоѓал до автопатот привлекувал огромен број на луѓе.

За жал ресторанот денес не постои и не можеме да уживаме, но слична атракција. Се вели дека бил отстранет поради лошата состојба. Но, сепак е убав потсетник дека Македонија и Неготино некогаш биле дел од нешто „светско“. Да не губиме надеж… можеби ваков сличен проект повторно „ќе се роди“… 🙂