Нов бран на топлина во Аргентина донесе пожари и голем прекин на електрична енергија

Голем прекин на електричната енергија се случи во средата во поголемиот дел од Аргентина по дефекти во аргентинскиот систем за напојување. Цели населби останаа без струја во Буенос Аирес, каде што беше во прекин метрото и железничкиот транспорт. Прекините ги зафатија провинциите Санта Фе, Мендоза и Кордоба, регионот Кујо и Патагонија. Според официјални извори, како последица на пожар на пасиште е оштетен високонапонски вод од 500 kW што ја поврзува Бела со Грал. Недостигот на струја се случи на позадината на новиот бран на топлина со температура од околу 37 степени Целзиусови.

 

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *