Нов рекорд: Погледнете како изгледаше собирот на без малку 400 „Ламборџини“ автомобили на едно место!
За повеќето љубители на спортски автомобили, гледањето на едно „Lamborghini“ на трка може да биде возбудливо искуство. Замислете како беше во саботата кога речиси 400 италијански суперавтомобили излегоа на патеката во Силверстоун во Нортхемптоншир.
Огромен собир беше организиран за да се прослави 60-годишнината на познатата марка за автомобили и да се постави нов светски рекорд за најмногу „Lamborghini“ на пат во исто време.
Вкупниот број на „Lamborghini“ возила што ја поминаа патеката Силверстоун во саботата попладне беше 382.
Сето тоа беше дел од „Денот на Ламборџини“ – официјалната прослава на Обединетото Кралство на шеесетгодишнината на италијанскиот производител на суперспортски автомобили „Automobili Lamborghini“.
Коментирај анонимно