Нов рекордер: Ресторан на 120 кат кој го тестира вашиот страв од височина
Највисокиот ресторан во зграда официјално стана Heavenly Jin кој се наоѓа на 120-тиот кат во хотелот J во Шангај. Хотелот во Шангајскиот облакодер со своите 632 метри е највисоката зграда во Кина и третата највисока зграда во светот, пишува CNN. Во февруари Хевенли Џин влезе во Гинисовата книга на рекорди, со висина од 556,36 метри.

Како што сугерира насловот на највисокиот ресторан во светот, гостите можат да уживаат во нереален поглед на градот. Менито вклучува спој на светската кујна која ги комбинира европските, јапонските и кинеските класици, а кој сака може да дојде на традиционален попладневен чај.


Темата на ентериерот е Патот на свилата олицетворен во триесетметарски мурал, составен од мозаици од италијански плочки, а просторот собира 256 гости.

Оние кои сакаат приватност можат да резервираат места во еден од петте салони. Досега, највисокиот ресторан во зграда во светот беше Atmosphere во Бурџ Калифа, со 441,3 метри, а „највисокиот мобилен ресторан во зграда“, соодветно именуван Твист, се наоѓа на 422,8 метри на 106-тиот кат на Кантон Тауер во Гуангжу.

И додека споменатите ресторани се највисоки во згради, Чакалтаја, на истоимениот боливиски ски-центар во книгата на рекорди е заведен како највисок во светот – лоциран на надморска височина од 5340 метри.
