НОВ СВЕТСКИ РЕКОРД: „Родив 9 бебиња одеднаш, сите живи и здрави. Сега со сопругот се организираме по план, бидејќи тие никогаш не спијат во исто време“

Мајка се вратила дома во Мали со своите девет бебиња, сите родени во исто време – откако поминала 19 месеци во болница во Мароко.

 

 

Халима Сисе (27) сигурно има полни раце работа со своите деца, првата документирана „деветка“ во светот. Халима вели дека на нејзините девет деца им треба до 45 менувања пелени дневно и дека тие пијат 15 килограми формула неделно.

Гордиот татко Абделкадер Арби рече дека секое дете покажало уникатна личност и навики.

 

Тој изјави за „Би-Би-Си“: „Некои се тивки, додека други прават повеќе врева и многу плачат. Некои сакаат постојано да бидат во раце. Сите тие се многу различни, што е сосема нормално“.

Грижата за армијата бебиња е работа сама по себе, а парот има распоред до кој се придржува.
Абделкадер рече: „Се обидуваме да се организираме: од 10 часот, бебињата обично се во дневната соба каде што има телевизор. Тие сакаат цртани филмови и кога ќе ги ставите таму, тие се мирни“.

Бебињата станаа познати личности во нивната матична земја Мали, а многумина сакаат да ги видат чудотворните бебиња со свои очи.
Бебињата го соборија Гинисовиот рекорд за најмногу родени деца при едно раѓање и притоа да преживеат.
Тие беа родени со царски рез во 30-та недела во мај 2021 година и останаа во Казабланка за да бидат на специјална нега.

 

Четирите момчиња по име Мохамед VI, Оумар, Елхаџи и Бах; а петте девојчиња по име Кадидија, Фатума, Хава, Адама и Оуму тежеле од 500 до 1 килограм при раѓањето.

Медицинскиот директор на клиниката, каде што се родени младенчињата, проф. Јусеф Алауи, вели дека ризикот од здравствени проблеми за бебињата е зголемен поради предвремено породување.

Опишувајќи го раѓањето, Халима рече: „Додека бебињата излегуваа, толку многу прашања ми се вртеа низ главата. Бев многу свесна за тоа што се случува и се чинеше дека од мене излегуваше бескраен прилив на бебиња“.

Таа додаде: „Сестра ми ме држеше за рака, но се што размислував е како ќе се грижам за нив и кој ќе ми помогне?“

  • Pero напиша:

    da ne si im vo koza…vika gordiot tatko,pogledni go na slika i ke ti bide jasno, a toj eden strucnjak, vika..Гордиот татко Абделкадер Арби рече дека секое дете покажало уникатна личност и навики. abe eden strucnjak, uste po raganje procenil koj kakov e,
    Gospod neka im pomogne, stvarno e tesko da gi rasnat site odednaz

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *