Нова апликација може да ви помогне да го наминете стравот од пајаци на начин на лесен начин

Со помош на истражувања од Универзитетот во Базел, Швајцарија, новата апликација, Фобис, им овозможува на луѓето со арахнофобија практично да се соочат со својот страв од позади екранот.

Апликацијата е клинички испробана и служи за да им помогне на корисниците да ја совладаат својата фобија преку нивните паметни телефони.

Ирационалниот страв од пајаци,  или арахнофобија,  е една од најчестите фобии, според EurekAlert.

Фобијата навистина може да ги ограничи оние кои страдаат од неа, од избегнување на одредени ситуации од страв дека може да се појави пајак, на пример, зоолошка градина или дестинација за патување, до опсесивно проверување на околината или целосно избегнување некои соби.

Еден ефикасен третман, познат како „терапија со изложување“, функционира со системско десензибилизирање на пациентот на фобискиот стимул.

Преку ова, пациентот се води преку постепена изложеност на пајаци, меѓутоа, бидејќи многу пациенти не сакаат да бидат дури и во иста просторија со нив, тоа ретко се користи во пракса.

Професорот Доминик де Кервејн, водач на истражувачкиот тим кој ја разви новата апликација за паметни телефони, сакаше да го реши овој проблем, откривајќи дека „истражувачите објавиле ветувачки резултати со оваа апликација дизајнирана да се справи со стравот од пајаци“.

Фобис користи виртуелен модел на пајак, овозможувајќи им на корисниците на апликацијата да го проектираат пајакот во реалниот свет, без разлика дали е на нивната рака, маса или под.

Главната авторка на неодамнешното истражување, Ања Цимер објасни: „Полесно е луѓето со страв од пајаци да се соочат со виртуелен пајак отколку со вистински“.

Апликацијата била клинички испробувана во текот на две недели на 66 испитаници кои имале фобија од пајаца и се покажала како ефикасна.

Студијата на Универзитетот во Базел покажа дека испитаниците доживеале пониско ниво на страв од вистински пајаци откако ја користеле апликацијата.