Премини на МотикаX

Нова форма на изневерување во пораст – жените се повеќе се жалат дека мажите ги изневеруваат гледајќи други жени на страници за возрасни

Жена од Перт ја прекинала врската со своето момче откако открила дека тој има претплата на OnlyFans профил на позната порно ѕвезда, тврдејќи дека тоа е исто како неверство. Нови податоци покажуваат дека мнозинството луѓе се согласуваат со неа – сметаат дека гледањето експлицитни содржини од креатори на OnlyFans може да се смета за изневерување.

Истражувањето е дел од “Great Aussie Debate” на news.com.au, во кое учествувале над 54.000 луѓе. Покрај други теми, се разгледувале и ставовите за OnlyFans – платформа што доживеа огромен раст и е дом на илјадници секс работници.
Од анкетираните, 50% рекле дека претплата на OnlyFans е „дефинитивно“ изневерување, додека 42% сметаат дека зависи од видот на интеракцијата со креаторот. Само 8% го гледаат користењето на платформата како „нормално“ во врска.

 

Нова форма на изневерување во пораст - жените се повеќе се жалат дека мажите ги изневеруваат гледајќи други жени на страници за возрасни

Жените го возвраќаат ударот

Мади Милер, 20-годишна креаторка на OnlyFans од Западна Австралија која заработува над 19.000 долари месечно, изјавила дека и таа ја раскинала врската со поранешно момче откако го фатила како гледа експлицитни фотографии од други жени додека лежеле заедно во кревет. Таа нагласила дека довербата е клучна, и дека таквото однесување било голема повреда на нејзината доверба. Посочила дека нејзиниот партнер дури и се обидел да ја излаже, но подоцна открила дека бил претплатен на неколку жени што лично ги познава.

Истражувањето покажало значајни разлики во ставовите на жените и мажите – 61% од жените сметаат дека претплата на OnlyFans е изневерување, додека само 35% од мажите го делат тоа мислење.

 

Жените го возвраќаат ударот

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *