Нова Година во македонски ресторан (виц)

Прослава на Нова Година во македонски ресторан. Газдата го зема микрофонот да им соопшти нешто на гостите:
– Почитувани гости, поради грешка на доставувачот на месо, во ресторанот имаме само 43 порции храна, а гости се вкупно 128. Ви се извинуваме и ве молиме ако има некој љубезен, да се откаже од својата вечера за да нахрани друг гостин, тој ќе добие бесплатен алкохол цела вечер. Ви благодарам за разбирањето!
После 2 часа, газдата повторно го зема микрофонот:
– Почитувани гости, ако некој се премислил во меѓувреме, сѐ уште има уште 37 порции храна.