Нова измамничка шема во Виница: Човек ви скока во автомобилот за потоа со помош на системот да наплати дебела оштета од вас
Во Виница, сред бел ден, човек намерно се удрил во крилото на Toyota Yaris што се движела право по улицата со многу мала брзина. По контактот – кој бил минимален и без никакви оштетувања на автомобилот – пешакот станал и избегал од местото на настанот.
Возачот, збунет, запрел, излегол од автомобилот, проверил дали има штета или повреда и откако видел дека нема ништо продолжил, бидејќи пешакот веќе бил исчезнат.
Тука не завршува приказната. Тука почнува шемата.
Околу 30 минути подоцна, наместо да повика полиција или да бара помош на лице место, пешакот сам се јавува во Итна помош, каде изјавува дека „го удрил автомобил и избегал“.
Без ниту една проверка на фактите – полицијата го прифаќа овој наратив.
Во записникот пишува:
- дека возачот го напуштил местото, иако полицијата воопшто не го видела таму,
- дека пешакот не го напуштил местото, иако тој првпат го среќаваат не на улица, туку во болница,
- дека ударот бил на „пешачки премин“, иако од службената скица јасно се гледа дека настанот се случил 10 метри ПО преминот, каде пешакот воопшто не смеел да ја преминува улицата.
Потоа, иако повредата била обична набиеница, наместо преглед во Виница – пешакот добива „упат во Клиничка Болница Штип“, што создава сомнеж дека главната цел не била медицинска грижа, туку оформување документација за осигурителна наплата.
И така, без механичка анализа, без увид на лице место со присутни страни, без логичка проверка на фактите, полицијата поднесува кривична пријава против возачот и тоа не една, туку ДВЕ кривични пријави. Една за ударот, втора за бегство и неукажување помош на повредено лице.
Обвинителството – без да го истражи случајот – испраќа казна. А осигурувањето подготвува барање за енормна оштета која би паднала врз грбот на невиното лице.
Ова е режирана незгода од која возачот едвај се брани, затоа што институциите автоматски му веруваат на оној што ја инсценирал сцената.

Како функционира „шемата“
- Лицето кое скокнало на автомобилот:
- Има претходна историја на наплата на голема сума од осигурување и знае како оди целиот процес,
- само си заминува од местото на настанот,
- по околу 30 минути се јавува во Итна помош,
- во болница изјавува: „ме удри автомобил и избегa“.
- Има претходна историја на наплата на голема сума од осигурување и знае како оди целиот процес,
- За лесна повреда – обична набиеница, наместо да остане во локален здравствен дом, добива упат за Клиничка болница во Штип. Наместо нормален преглед во Виница/Кочани, се прави „голема приказна“.
- Во извештаите се појавува формулацијата:
- возачот „го напуштил местото“,
- оштетениот „не го напуштил местото“,
иако реално полицијата не затекнува никого на лице место, а пешакот првпат го гледаат во болница.
- Во записникот стои „обележан пешачки премин“, а од скицата јасно се гледа дека ударот се случил неколку метри ПО пешачкиот премин, односно пешакот ја преминувал улицата на неозначено место, спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
- Возачот заборава на инцидентот и 1 година подоцна по пошта му стигнува ПРЕСУДА:
-
- да плати казна од неколку стотици евра,
- а осигурувањето бара десетици илјади денари оштета за „повредениот“.
Ако ја прифати казната „за да не се влечка по судови“, осигурувањето ќе каже: ти си виновен, плати ја оштетата.
- да плати казна од неколку стотици евра,
Улогата на институциите – кога системот станува дел од проблемот
Наместо детално и совесно да се утврди што се случило, често се случува следново:
- Полицијата – рутински пишува „возачот го напуштил местото“, без да наведе дека пешакот:
- не чекал на лице место,
- подоцна се јавил во Итна помош,
- и ја преминувал улицата надвор од пешачки премин.
- не чекал на лице место,
- Обвинителството – врз основа на таков записник поднесува прекршочна / кривична постапка,
без да го провери:
- Интензитетот на повредата
- Временскиот тек (30 минути до јавување во Итна),
- Механиката на ударот (возилото се движи право, пешакот се удира во возилото во десно крило).
- Без да го викне возачот на сослушување и без да ја земе во предвид неговата страна на приказната
- Судот – наместо активно да бара разјаснување на сите овие нелогичности, често гледаме притисок врз возачот:
„Признај, плати 300 евра и заврши работа, не се замарај.“
Ако возачот признае вина, осигурувањето нема ни да влегува во суд со измамникот, туку веднаш ќе го реши случајот спогодбено и штетата што ќе ја договорат ќе ја наплати од возачот.
Со тоа се создава опасен преседан:
Човек кој скока на автомобили и ги користи институциите за да наплаќа од осигурувања, добива поддршка од систем кој по инерција пишува пријави против невини возачи.
Зошто ова е опасно за сите нас?
- Утре секој возач може да се најде во ситуација некој да му скокне на автомобил,
а потоа:- да добие казна како „бегалец“,
- да плати огромна „штета“,
- да биде убедуван од сите: „плати и не се расправај“.
- да добие казна како „бегалец“,
- Со вакво постапување се испраќа порака:
Исплатливо е да глумиш жртва и да ги користиш полицијата, обвинителството и судот за лична финансиска добивка.
Институциите не смеат да бидат инструмент во вакви игри. Тие имаат обврска:
- да ја проверат шемата и измамата,
- да го испитаат однесувањето на пешакот,
- да ги читаат скиците и времињата, а не само изјавите,
- да ја применат истата мерка за сите – и за пешакот и за возачот.
Што да правите ако некој ви скокне на автомобил и избега?
- Веднаш повикајте полиција – од место на настан, колку и да изгледа ситуацијата безопасна.
- Останете таму и инсистирајте полицијата да направи увид.
- Дајте детален исказ:
- каде точно се случило,
- дали имало пешачки премин,
- како се движело возилото,
- што направила другата страна (дали побегнала).
- каде точно се случило,
- Не признавајте вина ако не сте виновни.
- Барајте да се внесат сите факти во записникот, не само верзијата на оној што тврди дека е повреден.
Не потпишувајте нецелосен записник, колку и полицајците да изгледаат добронамерно.
Системот игра против вас!

Е како во Русија и Америка,по две камери во возилото и право во полиција! Малку е трошок,но секако помал од казната и осигурувањето.
Само што кај нас, не ги признаваат како доказ на суд…
Ne sme bozilo na ima kameri vo rm zabraneto e so zakon
DZANDARRRRR!!!! MAMICETO U PICKA DZANDARSKO DA TI GO EBAM!!!! AAA TE NAJDOF SEA MORE ZENATA DA TI JA EBAM!!! ME SLUSAS LI DZANDARISTE EDNO U USTA DA TI SERAM!!! APSIM AJDEE AJDEEE ABE U STANICA KE VI VLEZAM SO OLOVO KE VE NAPUNAM!!! RATATATATAAAAAAAAA JA SUM RAMBOOOO
Ima nekoj nadaren???
Ima srce
pero e ojden skroz iLamela iDruk lager i Korpa OD kumplugov nema nisto RECIKLIRANJE
Коментирај анонимно