Новата фотографија ја разоткрива тајната вечера на Илон Маск со Џефри Епштајн, Марк Цукерберг и уште неколку моќни технолошки лидери

Фотографија која досега не била јавно достапна го прикажува Илон Маск на „дивa” вечера со Џефри Епштајни други влијателни фигури од технолошкиот сектор, меѓу кои и Марк Цукерберг. Оваа слика, за која се верува дека е направена од самиот Епштајн, е дел од најновите документи објавени од Министерството за правда на САД и ја потврдува сè подлабоката врска меѓу Маск и Епштајн, спротивно на досегашните тврдења на Маск.

Новата фотографија ја разоткрива тајната вечера на Илон Маск со Џефри Епштајн, Марк Цукерберг и уште неколку моќни технолошки лидери

Вечерата се случила на 2 август 2015 година и ја организирал ко-основачот на LinkedIn, Рид Хофман, а присуствувале и Маск, Цукерберг и Тил

Врз основа на фотографијата, други документи и претходни истражувања на Vanity Fair, станува јасно дека вечерата за која веќе се знаеше во јавноста се одржала на 2 август 2015 година и ја организирал ко-основачот на LinkedIn, Рид Хофман.
Епштајн ја споменува оваа вечера во мејл испратен до Питер Атија, инфлуенсер за добробит и долговечност, токму на тој ден: „Заедно со Маск, ќе бидат и Питер Тил и Марк Цукерберг.” Следниот ден, Епштајн си испраќа фотографија од вечерата на која јасно се гледаат Маск и Цукерберг.
Очигледно, Епштајн бил импресиониран од овој настан. Подоцна истиот месец се фалел за вечерата во мејл до Том Притцкер од семејството Пратцкер, велејќи: „Беше дива вечера.”

Списoк на гостите: од Маск и Цукерберг до ко-основачи, научници и стари пријатели

Наутро пред вечерата, личната асистентка на Епштајн, Лесли Гроф, испраќа мејл со наслов „Потврда за вечерата утре” и детална листа на гости:
– Илон Маск
– Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила Чан
– Рид Хофман и неговата сопруга Мишел Ји
– Кофаундерот на Palantir, Питер Тил
– Тогашниот шеф на MIT Media Lab, Џои Ито
– MIT невронаучникот Ед Бојден
– Стар пријател на Маск од факултет, Навад Фарук
Според Vanity Fair, вечерата била во чест на Бојден, организирана од Хофман. Маск, Хофман и Тил биле дел од “PayPal мафијата”, позната група од поранешни лидери на платформата PayPal кои стекнале огромно влијание во Силиконската долина.

Објавената фотографија и мејловите целосно ги побиваат тврдењата на Маск дека ретко се среќавал со Епштајн

Откритијата за оваа вечера сосема се разликуваат од долготрајните инсистирања на Маск дека имал минимален контакт со Епштајн. Додека новите документи покажуваат обемна меѓусебна кореспонденција, Маск во исто време на Твитер ја напаѓа Хофман за неговите врски со Епштајн, по што Хофман возвраќа со докази – вклучувајќи мејл во кој Маск го прашува Епштајн за „најдивата“ забава на островот. Маск и натаму ја брани својата невиност: „Големата разлика меѓу тебе и мене, Рид, е што ти отиде, а јас не,” напиша Маск во својот одговор.
Тој додаде: „Очигледно не очекував ништо сомнително, бидејќи ја зедов мојата сопруга (Талула Рајли) тогаш.”

Мејловите укажуваат дека Маск бил свесен за карактерот на забавите кај Епштајн, и покрај неговата одбрана

Вреди да се нагласи дека целата оваа мејл-преписка се одвива многу по првата осуда за сексуални злосторства против малолетнички на Епштајн во 2008 година. Некои разменети мејлови јасно покажуваат дека Маск, најверојатно, бил барем донекаде запознаен со природата на светот кој го создавал Епштајн. На пример, на Божиќ во 2012 година, Епштајн го предупредува Маск дека „Соодносот на жени на мојот остров може да ја направи Талула да се чувствува неудобно.” Маск одговара: “Соодносот не е проблем за Талула.”

Случајот Маск и Епштајн останува под лупата поради постојани нови детали и преписки

Објавувањата во медиумите и обемната документација продолжуваат да излегуваат на виделина за поврзаноста меѓу Маск и Епштајн. И додека Маск инсистира дека не сторил ништо лошо, остануваат бројни прашања за тоа колку бил свесен за скандалозните активности кај Епштајн и зошто воопшто оделе на такви средби влијателни луѓе од технолошката елита.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *