Новата колекција на Рибок наречена „Wonder Woman“ ја рекламираат жени кои се вистински суперхерои

Знаете како велат: не сите херои носат наметки. Некои од нив носат униформи на медицински сестри и моментално смело се соочуваат со глобалната пандемија. Да, зборуваме за здравствените професионалци во првите редови кои работат за време на оваа пандемија COVID-19. Во моментов, овие работници се препознаваат како такви во кампањата за новата колекција на Рибок „Wonder Woman“.

На фотографиите од кампањата има шест храбри медицински сестри од Бостон, каде е седиштето на Рибок: Тејлор Мејер (медицинска сестра), Вилма Пачеко (медицинска сестра), Катрин Д Инкочензо (медицинска сестра во собата за итни случаи), Суки Стајлс (регистрирана негувателка), Каси Мој (регистрирана негувателка) и Соланж Роза (медицинска сестра во собата за итни случаи).

„Овие медицински сестри се на фронтот и се борат против првата глобална пандемија на векот од ден на ден, ризикувајќи ги своите животи за да ги спасат други“, рече во изјавата Каролин Мечен, потпретседателка за глобален маркетинг во „Рибок“. ″ Иако можеби не се гледаат себеси како суперхерои во реалниот живот ние го гледаме тоа.“, додава таа.