Новата компанија на Илон Маск создава чип кој ќе ја пренесува музиката директно до вашиот мозок

Некој кажа чипување? Откако половина од светот се преплаши дека Бил Гејтс ќе ги чипува се јави и Илон Маск кој отворено си вели дека прави чип, но за „рекреативни цели“. Гледајте ги сега теоретичарите на заговор како паничат…

Искрено не знаеме зошто некој би сакал вакво нешто, но стартапот на Маск, Neuralink кој заработи повеќе од 158 милиони американски долари во финансирање создава компјутер со мозочен интерфејс кој, наводно, има огромни придобивки за промена на „играта“, вклучувајќи ја и можноста да пренесува музика директно во вашиот мозок.

На Твитер, Маск рече дека „може да помогне во контролата на нивото на хормоните и да ги искористи во наша корист (засилени способности и расудување, олеснување на анксиозноста, итн).“ Тој, исто така, потврди дека мистериозната технологија ќе им овозможи на корисниците „да слушаат музика директно од нашите чипови“.

Како тоа всушност би функционирало? Па, на настанот во 2019 година, Маск многу кратко спомена дека уредот ќе биде како „машина за шиење“ поврзан директно меѓу компјутер и чип вметнат во мозокот. За да може да се вклопи, некој ќе помине низ сличен процес како и ласерската операција на очите. Ќе вклучува „неврохируршки робот“ што би одговарал на флексибилни „конци“ во мозокот. Исто така, според истражувачкиот труд за 2019 година, „проток на податоци со целосен опсег“ ќе биде обезбеден преку USB-C кабел.

Потенцијалните предности се прилично зачудувачки, при што Маск рече дека има потенцијал да им помогне на луѓето со „Паркинсон“, „повреди на мозокот / аутизам, во основа се што бара калибрација на мозокот. Како и за решавање на „многу повреди на мозокот / ‘рбетот“, Маск беше прашан дали Neuralink може да се искористи за да го „преквалификува делот од мозокот кој е одговорен за предизвикување зависност или депресија”.

Тој одговори: „Со сигурност. Ова е и одлично и застрашувачко. Сè што некогаш сме почувствувале или сметале се електрични сигнали. Раниот универзум беше само супа од кваркови и лептони. Како еден многу мал дел од универзумот да почнат да размислуваат за себе како суштество обдарено со чувства?“

На 18 јули, Маск упати повик за луѓе со експертиза во технологија што се носи, твитувајќи: „Ако сте решиле тешки проблеми со телефони / аномалии со слушалки (запечатување, обработка на сигнали, индуктивно полнење, управување со електрична енергија, итн.), Ве молиме, земете во предвид да работите во [Neuralink].“