Новата ужасна дрога наречена 7-OH ја турка американската млада генерација во зависност – семејство од Аризона го напушта САД за да го спаси својот син

Семејство од Аризона го напушта САД, решени да ја спасат иднината на нивниот син, откако тој наивно станал зависник од мистериозна супстанца што се продава на бензински пумпи. Овој нов, синтетички опиоид познат како 7-OH (7-хидроксимитрагинин), според експерти, е следниот бран на опиоидната епидемија кој ги разорува американските семејства. Мајката на младиот човек, која сакаше да остане анонимна, раскажува: “Тој имаше проблеми со анксиозност и тогаш негов другар му го препорача. Тој знаеше дека можеби дрогата има потенцијал да создаде зависност. 7-OH ги таргетира истите мозочни рецептори како опиоидите.”

Новата ужасна дрога наречена 7-OH ја турка американската млада генерација во зависност – семејство од Аризона го напушта САД за да го спаси својот син

7-OH присутен на секој чекор: Легален, го продаваат секаде и препознаен како закана

7-хидроксимитрагинин или 7-OH лесно може да се набави без рецепт во бензински пумпи, продавници и продавници за електронски цигари ширум САД. Овој опасен суплемент се продава во различни форми – прашок, бонбони, таблети, чај или енергетски пијалок. Најопасно е што често се рекламира како „целосно природен производ“, кој ги заведува купувачите со лажна безбедност. Самата дрога потекнува од дрвото Кратом, кое расте во Југоисточна Азија, чијшто листови се употребуваат за изработка на лекови без рецепт кои наводно се користат за анксиозност, депресија, болка, дијареја и кашлица. Семејството засегнато од оваа дрога секојдневно се бори да го одржат својот син далеку од оваа зависност и со таа цел сакаат да се преселат.

7-OH присутен на секој чекор: Легален, го продаваат секаде и препознаен како закана

Голема институционална тревога: Аризонската обвинителка остро предупредува, а државата прогонува прекршители

Аризонската јавна обвинителка Крис Мејс го сврте вниманието кон сериозноста на заканата. Таа предупредува: „Овие производи се навистина опасни и во суштина се однесуваат како синтетички опиоиди, и веќе добив информации од родители чии деца станале зависни од овие производи што слободно се продаваат низ целата држава.“ Некои 7-OH производи се нарекуваат „легален морфиум“ или „хероин од бензинска пумпа“. Со цел да ја заштити јавноста, Аризона го донесе Законот за заштита на потрошувачите од Кратом, кој забранува продажба на кратом производи со штетни нечистотии, како и продажба на кратом на малолетни. „Мојата канцеларија има информации за повеќе случаи каде што кратом производитре беа продадени на малолетници, што е спротивно на законот. Работиме да ги изведеме овие прекршители пред лицето на правдата, но на полицијата ѝ требаат посилни алатки за справување со растечкиот проблем“, нагласува Мејс.

Голема институционална тревога: Аризонската обвинителка остро предупредува, а државата прогонува прекршители

Последици за менталното и физичкото здравје: Бројот на труења со Кратом се удвојува, опасност и за младите

Мозочните и телесните последици од злоупотреба на 7-OH и Кратом се сериозни. Како што предупредуваат американската Управа за спречување на злоупотреба на дроги (DEA), Кратом може да доведе до психотични симптоми, психолошка и физичка зависност, анорексија, губење на телесна тежина, несоница, напади и халуцинации. Центарот за контрола на труење во Аризона пријавува дека бројот на случаи на труење со Кратом се повеќе од удвои од минатата година. Лидерите сеуште истражуваат од каде сè оваа супстанца пристигнува и се продава, со цел да се искорени проблемот од корен. Семејството чие момче беше погодено од оваа дрога е само едно од многуте кои се борат со последиците – и следат многу други ако не се преземат посериозни мерки.

Последици за менталното и физичкото здравје: Бројот на труења со Кратом се удвојува, опасност и за младите

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *