Нови докази сугерираат дека видеото од 1967 година на кое е наводно снимен „Бигфут“ можеби е вистинско
Легендата вели дека суштеството покриено со крзно ги населува шумските области долж западниот брег на северниот дел на САД и иако приказните за ова митско чудовиште се раскажуваат уште од 1800-тите, никој не можел да го докаже неговото постоење.
Најубедливиот доказ за Бигфут бил снимен во 1967 година, кога Боб Гимлин и Роџер Патерсон снимиле снимка од крзнена фигура која шета низ Блаф Крик во Северна Калифорнија.
Матната, едноминутна снимка поттикна многу истраги за нејзината автентичност, а шоуто „Доказот е таму“ на History Channel се обидува да даде одговор на многу прашања во врска со митот.
Шоуто донесе тим од експерти кои ја користат најновата технологија за оваа мисија, вклучувајќи вештачка интелигенција и компјутерски алгоритми.
„Се обидуваме да го откриеме потеклото на човекот, големата експлозија, еволуцијата и дали Бог ги создал небото и земјата“, изјави Тони Харис, телевизиски новинар и водител на „Доказот е таму“.
„Научниците велат дека науката објаснува многу, но не се, така што ние сме во потрага да дознаеме кои сме и од каде доаѓаме.
„Оваа снимка сè уште стои како нешто што заслужува поголемо разгледување и сликите на екранот нè поврзуваат со тоа кои сме и од каде доаѓаме“.
Епизодата го разгледува начинот на кој стапалото на фигурата изгледа на земјата, како нејзиното тело се движи и како изгледа черепот, за коj експертите велат дека е сличен со черепот на раниот човечки вид кој живеел пред три милиони години.
Видеото, познато како филмот Патерсон-Гимлин, е снимено додека мажите биле во потрага по митолошкиот ѕвер.
И двајцата јавале на коњ, а по некое време парот дошол до еден свиок и забележале џиновско, крзнено суштество како се движи по коритото на реката.
Патерсон скокнал од својот преплашен коњ, ја грабнал камерата и се упатил кон суштеството со камерата во едната рака надевајќи се дека ќе сними некоја снимка.
Д-р Џеф Мелдрум, професор по анатомија и антропологија на Државниот универзитет во Ајдахо, рече за време на емисијата: „Тука сме 50 години подоцна бидејќи напредокот во технологијата обезбеди можности да се разгледа снимката на нови начини“.
Мелдрум, заедно со компјутерскиот научник Исак Тиан и Бил Манс, кој е дизајнер на костими и специјални ефекти во Холивуд, користеле вештачка интелигенција, компјутерска визија и експертиза за костими за да ги видат деталите кои останале незабележани цели пет децении.
Иако оригиналната снимка е изгубена, тимот можеше да ја реплицира со преземање на постоечки дупликати и правење 22 различни копии, секоја со различна варијација, а потоа тие користеле програма за вештачка интелигенција за да ги интегрираат сите копии.
Боб Хеиронимус, пензиониран производител на Пепси од Јакима, се појави неколку години по објавувањето на снимката, тврдејќи дека го носел костимот што се користел за правење на „лажното“ видео.
Меѓутоа, Џимилин, кој е сè уште жив, ја повлече изјавата по неколку години.
„Има свиткување во средината на стапалото, што вообичаено се гледа кај мајмуните, а не кај луѓето, и нагорно свртување на прстите што би било невозможно да се види ако се работи само за личност во костум“, велат експертите од шоуто.
„Се гледаат и мускулите на потколеницата додека суштеството оди, што не би можело да се види ниту во костум“.
Ваквите костуми обично се направени со едноставна ткаенина која не дава никаква мускулеста структура телото, тие обично само висат на лицето што го носи.
Мерењата на потенцијалниот Бигфут покажуваат дека тој е висок најмалку 2 метри и врз основа на неговите пропорции, експертите на History Channel велат дека тежи околу 300 до 400 килограми.
Исто така очите на суштеството гледаат директно во камерата.
Кога станува збор за костимите, со секое движење на главата, лажното крзно ќе биде искривено од едната страна или ќе се смени текстурата, рече Мунц во епизодата.
Дури и мускулите на задниот дел на вратот на суштеството изгледаат како оние на мајмун.
Мелдрум го споредува черепот на фигурата со черепот на ран човечки вид кој живеел во Источна Африка пред околу три милиони години.
„Сите коскени обележја на фигурата во видеото се во корелација со пропорциите што се гледаат во овој череп“, рече Мелдрум.
Тој потоа вели дека може да се шпекулира дека овој вид не изумрел, туку се проширил во Азија, го преминал Беринговиот теснец и стигнал со Северна Америка.
Иако има силни докази за тоа дека видеото е автентично, се` уште никој не може да тврди со сигурност дека Бигфут пости и дека бил фатен на видео во 1967 година.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.