Нови револуционерни откритија за мозокот во последните неколку години
Човечкиот мозок е најсложената позната структура во Универзумот, со околу 86 милијарди неврони и квадрилион синапси. И покрај напредокот во невронауката, голем дел од мозокот останува сè уште непознат. Но, последните научни откритија, потпомогнати од врвни технологии, откриваат неочекувани аспекти од неговото функционирање и нудат ново разбирање на когнитивните процеси.
Истражувањата покажуваат дека мозокот за време на кратки паузи во состојба на будност „репетира“ нови искуства, што помага во префрлање на информациите во долгорочната меморија. Тој процес се одвива 15–20 пати побрзо отколку во активно состојание, што објаснува зошто решенијата на сложени проблеми често доаѓаат за време на одмор.
Мозочно чистење и поврзаност со дигестивниот систем
Уште едно значајно откритие е глимфатичкиот систем — „систем за чистење“ кој се активира при длабок сон и ги отстранува токсичните наслаги, вклучително и бета-амилоидот поврзан со Алцхајмеровата болест. Недоволниот и неквалитетен сон го нарушува овој процес и го зголемува ризикот од невродегенеративни заболувања.
Дополнително, научниците открија силна врска помеѓу цревната микробиота и мозочната функција. Одредени бактерии произведуваат соединенија што ja поминуваат хематоецефаличнaта бариерa и директно влијаат врз расположението и менталното здравје. Ова доведе до нови пристапи во лекувањето на депресија и анксиозност преку пробиотици, пребиотици и исхрана.
Нови врати за нови терапии
Концептот на „предвидувачко кодирање“ открива дека мозокот не само што обработува сензорни информации, туку и предвидува што треба да видиме или почувствуваме според претходни искуства. Овие предвидувања го обликуваат нашето доживување на реалноста.
Конечно, откриено е дека создавањето нови неврони (нејрогенеза) продолжува и кај возрасни луѓе, особено во хипокампусот. Физичка активност, учење и здрава исхрана го поттикнуваат овој процес, нудејќи надеж за третман на мозочни оштетувања и стареење. Овие откритија го менуваат нашето разбирање за мозокот и отвораат врати за нови терапии и методи за одржување на менталното здравје.
Коментирај анонимно