Нови снимки од Марс, кои во 2020 ги испрати на земјата роверот „Љубопитност“

Возилото со големина на автомобил е дизајнирано да се движи низ секаков терен, а е управувано од научниците на Земјата. Возилото со симболично име Curiosity (Љубопитност) беше испратено од Земјата на 26-ти ноември 2011 година, а на површината на Марс слета на 6-ти август 2012. Од тогаш научниците дознаа многу нови работи за црвената планета, па дури собраа и храброст да праќаат мисија со луѓе на Марс. Да ги погледнеме најновите снимки.