Нови сознанија за внатрешноста на Земјата: Земјиното јадро содржи огромен резервоар на злато, кој протекува кон површината?
Новото истражување на геохемичари од Универзитетот во Гетинген открива дека благородни метали како злато, родиум, паладиум и платина всушност протекуваат од Земјиното јадро низ мантијата, сè до кората. Истражувањето, засновано врз анализи на изотопи од вулкански карпи на Хаваите, потврдува дека супервжештена материја од граничната зона меѓу јадрото и мантијата навистина се движи кон површината.
Користејќи напредни техники за анализа, тимот го проучувал изотопот рутениум-100, редок изотоп кој претежно потекнува од внатрешното јадро. Овој изотоп е најден во значајни количини во карпите на Хаваите, што сугерира дека е дел од длабока геолошка циркулација која го носи материјалот од самото јадро кон површината.
Нови теории за јадрото на Земјата
Ова откритие ја менува досегашната претпоставка дека јадрото на Земјата е изолирано. Наместо тоа, новите докази покажуваат дека постои континуирано движење и размена на материјали помеѓу внатрешноста и надворешноста на планетата. Иако темпото на ова „истекување“ е исклучително бавно, со текот на геолошкото време тоа придонесува кон создавање на острови како Хаваи и донесувањето на благородни метали во површинските слоеви.
Научниците веруваат дека ова не важи само за Земјата, туку може да се однесува и на други карпести планети. Истражувањата не само што откриваат нови информации за составот на Земјата, туку отвораат прашања и за еволуцијата на планетарните внатрешни структури низ Сончевиот систем.
Како што е човекот алчен, сега после оваа информација ќе почне да се бара начин да се извади тоа злато!
А што ќе биде со планетата не им е гајле, бидејжќиа тие што ќе го копаат до тогаш ќе резервираат меѓу првите, лет за новата база на Марс што веќе навелико ја спрема Маск.
Sto objavuvate vakvi raboti mankedonskite politicari ke se pretvorat u slepi kucina ke prokopaat planetata de objavete tamu na mars imalo zlato neka fatat usveta tam da se spaseme od glodari
Коментирај анонимно