Новинарка даде отказ во живо, откако доби на лотарија, но не се пресметала добро

Нема што да се размислува, секој доколку добие милионска сума на лотарија веднаш размислува што побрзо да даде отказ од работа, штом ќе ги добие парите. Една жена сепак не можеше да почека тоа да се случи па одлучи да даде отказ во живо како репортер. Сепак драматичното давење отказ „не ѝ се исплатеше“.

Новинарката Наталија Ескудеро од Шпанија возбудено им рече на своите колеги дека „не доаѓа на работа утре“, мислејќи дека ја освоила највисоката награда од 4 милиони евра. Ескудеро, новинарка на јавниот радиодифузер на Шпанија РТВ, започна да вреска додека известуваше за победничките броеви за Божиќната лотарија во земјата. „Не одам утре, Наталија не работи утре“, им рече таа на своите колеги додека славеше.

Сепак наскоро дозна дека не ја освоила главната награда на лотаријата, позната како Ел Гордо (Дебелиот), Наталија, всушност, освои дел од парите – само 5000 евра. Тоа секако не е доволно за да дадете отказ од работа.

Наскоро настанала голема „непријатност“. Подоцна им се извини на гледачите кои „се чувствуваа измамени“ од нејзината реакција, откако некои ја критикуваа поради тоа што остави впечаток дека го добила џекпотот.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.