Новинарка на тајна мисија се претставувала како модел и открила шокантни тајни од светот на модата

Отворена е истрага откако поранешена новинарка на Би -Би -Си објави дека била с*ксуално нападната од еден од најголемите светски агенти за модели додека била на тајна задача.

Лиза Бринкворт тврди дека Џералд Мари, во тоа време шеф на „Елит моделс“ во Европа, ја нападнал во Париз, додека таа се претставувала како модел за серијалот на Би -Би -Си „Донал Мекинтајр истражува“ во 1998 година.

13 други модели, исто така, го обвинија Мари, а француските власти потврдија дека започнале истрага.

Бринкворт работела на документарен филм кој истражува за несоодветното с*ксуално однесување кон младите модели кога се случил инцидентот.

Таа во интервју изјави дека Мари се однесувал несоодветно кон неа додека биле на вечера, а потоа „и скокнал“, ја „залепил“ за столот и с*ксуално да ја нападал пред очите на нивните колеги.

Новинарката била советувана да не оди во полиција затоа што тоа ќе ја успорело истрагата за документарецот.

Бринкворт, исто така, била спречен да поднесе пријава по објавувањето на  документарниот филм.

Бринкворт го обвини Би -Би -Си за „предавство“, велејќи дека таа била спречена во нејзините напори да добие пристап до снимката снимена ноќта на нападот и документите во кои таа го документирала настанот.

Три други поранешни модели излегоа јавно да кажат дека биле силувани или с*ксуално нападнати од Мари, а десетици други „го решиле спорот приватно“. Наводно, некои од жртви на Мари биле на возраст под 18 години.

Во изјавата, адвокатите на Мари велат дека тој „ги отфрла овие лажни и клеветнички обвинувања“. Додека Би -Би -Си рече дека „прават се’ што можат за да ѝ помогнат на Бринкворт“.