Новинарка прави забавни фотографии од такси возилата во Мумбаи и докажува дека убавината може да се најде насекаде

Некои луѓе собираат магнети за фрижидер или разгледници, но Рејчел Лопез има невообичаено хоби. Таа ги фотографира необичните, шарени тавани на такси возилата во Мумбаи.

Кога седите во такси ретко размислувате да погледнете нагоре, но ако се возите во такси во Мумбаи можете да најдете овошни чинии, цвеќиња, па дури и зебра над главата.

„Надвор од таксито Мумбаи е бетонска џунгла, но внатре е поле од јагоди.“

Се започнало во април 2017 година, кога Лопез, зафатена новинарка и доживотен жител на Мумбаи, повикала такси и се нашла како седи под невообичаено дизајнирана пластична шема. „Гледав нагоре и открив дека мојот таван е покриен во чоколадно-кафеава позадина, со јагоди во неприродни бои. Беше чудно и јас тоа го сакав тоа. Се прашував колку дизајни има и решив да започнам проект за да дознаам“.

Во Мумбаи има околу 58,000 таксија и секое патување е авантура. Таксистите се темпераментни и незгодни кога станува збор за возења и дестинации. Но, никогаш не знаете каков необичен дизајн ќе го покрие таванот на вашето такси и вашата љубопитност ви помага да заборавите на какви било проблеми. Овошната шема е меѓу најчестите дизајни кога станува збор за украсите на такси таванот во Мумбаи.

„Тоа е лекција по природа, наука, математика и уметност одеднаш!“

Откако стана популарно многу жители на Мумбаи претпочитаат Uber, наспроти традиционалните такси возила. Лопез, сепак, смета дека шансата да додаде уште една необична фотографија на својата колекција вреди да се чувствува непријатноста да се оди со такси.

Бидејќи Лопез започна да го споделува својот необичен фото-проект на својот Инстаграм, одговорот беше огромен. Три години по почнување на проектот Лопез сѐ уште наоѓа нови дизајни за да ги додаде во нејзината колекција. „Досега сум фотографирала (и патувала) близу 500 различни модели и сè уште не сум ги нашла сите“, објаснува таа.