Новиот Мерцедес ви овозможува да го контролирате автомобилот со вашите мисли

Mercedes Vision AVTR е автомобил што покрај електрична енергија функционира и со помош на вашиот мозок, благодарение на новиот технолошки интерфејс.

Автомобилот беше прикажан оваа недела во Германија на IAA Mobility 2021, иако автомобилот е се` уште во фаза на развој.

И внатрешноста и надворешноста на автомобилот се инспирирани од научно-фантастичните филмови и моделот изгледа неверојатно футуристички, но главната карактеристика на Мерцедес е новата технологија Brain Computer Interface (BCI).

Сепак, возачите на автомобилот нема да го користат уредот за да го возат автомобилот. Наместо тоа, Мерцедес се надева дека возачите ќе можат да ја користат технологијата BCI за да контролираат делови од корисничкиот интерфејс.

На пример, промената на каналот на радио станицата или користењето различна боја за светлата во внатрешноста на автомобилот може да се направи само со размислување.


Идниот развој на технолошкиот систем BCI се стреми кон тоа возачот да може да избере дестинација на сателитската навигација користејќи ја само моќта на мислата. Сепак, овој развој би можел да трае со децении.

Брита Сигер, член на Управниот одбор на Мерцедес, забележа како компанијата „поставува уште една пресвртница во спојувањето на човекот и машината“.

Таа вели:

„Технологијата BCI работи целосно независно од говорот и допирот. Ова отвора револуционерни можности за интуитивна интеракција со возилото“.

За да функционира системот BCI, возачот треба да носи шлем со електрони што се носат закачени на задниот дел од главата.

Шлемот и електроните се направени со цел да ја снимаат мозочната активност и им треба една минута да се калибрираат пред да го поврзат возачот директно со возилото.