Новиот руски тенк вреден 3,5 милиони евра е првиот во светот кој има вграден тоалет
Русија повторно стана прва по нешто во светот, а овој пат тоа е тенк од 3,5 милиони евра, чие „тајно оружје“ е тоалет. Т-14 Армата е промовиран од Кремљ како најсофистицирано оклопно возило произведено и ќе им стави крај на операторите кои досега морале да се „олеснуваат“ во кутиите за муниција.
Војниците можат да бидат на должност со денови без да престанат што значи морало да се најде помодерно решение за нивните „физиолошки потреби“. Тенкот е опремен со најсовремена опрема, вклучувајќи и топ, компјутерски софтвер за лоцирање на мети и два митралези. Може да патува со брзина од 80 километри на час.
Илја Баранов, која работи за фирмата која што го произведува тенкот, вели дека со новиот додаток ќе се отстрани кавгата поврзана со одењето во тоалет. Тенковите на САД ниту пак тенковите на Англија немаат ваква привилегија.