Новиот современ додаток за кампери на Тесла е сон за секој авантурист

Целосно електричниот камион „Cybertruck“ е базирана на спортскиот автомобил Lotus Esprit од 1976 година, на Елон Маск, а остатокот од дизајнот црпи инспирација од возилата во Blade Runner, Mad Max, Back to the Future и Alien.

Додатокот за кампување, наречен „FORM“ е дизајниран за да влезе во задниот дел на возилото и е идеален за кампери, а може да го купите по цена од 69.500 долари.

Внатре, креветот, кој е опремен со скриен простор за складирање, може да се претвори во единечен или двоен во зависност од желбите на корисникот. Камперите ќе спијат на душек од мемори пена, легнати под засводен таван.

 

Додатокот FORM има туш и компактен тоалет кој има пренослив резервоар. Тоалетниот простор е одвоен од останатиот дел од камперот со завеса, а кога не се користи, тоалетот се претвора во клупа.

За вечера, камперите можат да ги искористат фрижидерот и шпоретот во кујнскиот простор.

Соларните панели се вградени во дизајнот, нудејќи моќност од 400 вати. Севкупно, камперот има 6,7 метри квадратни од кои 3,5 метри квадратни се на ниво на креветот на возилото.

Додатокот не е компатибилен само со Cybertruck, тој е дизајниран да работи со повеќето пик-ап камиони, како што се Ford F-150 или Chevrolet Silverado.

Компанијата го опишува додатокот како „современ кампер без стрес“, додавајќи дека „Формата е пространа, лесна и работи на соларна енергија“.