Новите камери кои автоматски ќе казнуваат за брзо возење (виц)

– Ми стигна по пошта казна од полицијата, јас не знаев дека почнале да ги тестираат новите камери. Ме фатила камерата на излезот од Скопје со 120 а дозволено било 80. Бидејќи било тест период да сум плател само казна, а возачката немало да ми ја земат.
– И ја плати ли?
– Ја наредив точната сума на масата, ги сликав и им ја испратив сликата назад.
– И?
– По две недели добив уште едно писмо, а внатре една слика од лисици…