Новите мерки стануваат се` почудни: Овој светски хит е забранет во некои места поради необична причина

Песната Gangnam Style е забранета во некои теретани, не затоа што е здодевна туку поради мерките против ширење на КОВИД.

Песната од 2013 година на Псај стана сензација, ечејќи на радио станиците ширум светот, но денес постојат неколку места каде што повеќе нема да може да ја слушнете.

Јужна Кореја официјално им забрани на спортските сали во некои места да пуштаат песни со „темпо побрзо од 120 отчукувања во минута“, во обид да ги спречи луѓето да дишат премногу брзо и да прскаат пот врз другите луѓе.

Имајќи го предвид ова ново правило, тоа значи дека Gangnam Style повеќе нема да може да се пушта додека луѓето вежбаат бидејќи наводно има „132 отчукувања во минута“.