Новите закони за заштита во „сообраќајот“ во Шри Ланка се чудни, но и зачудувачки потребни

Новите закони за заштита резултираа со забрана за „јавање на слонови  во пијана состојба“ во Шри Ланка.

Прописите беа објавени во четвртокот, 19 август, од државниот министер за заштита на дивиот свет Вималавеера Дисанајаке.

Новите прописи налагаат дека на јавачите на слонови (махути) сега им е забрането да пијат алкохол или да земаат дрога.


Прописите, исто така, наведуваат дека слоновите помлади од две години мора да се чуваат кај мајките и им е забрането да работат.

Законите за заштита исто така велат дека секое лице кое „поседува или има старателство над такви слонови“ има одговорност „да се осигура дека махутот (јавачот) не конзумира алкохол или штетна дрога додека е на работа“.

Слоновите честопати ги чуваат богатите луѓе во Шри Ланка како симбол на нивното богатство. Сепак, се известува дека поплаките за малтретирање и суровост кон големите цицачи се широко распространети.

Официјалните записи покажуваат дека има околу 200 припитомени слонови во Шри Ланка.

Според новите регулативи, на слоновите им е забрането да работат ноќе и мора да работат само до четири часа на ден. Се наведува и дека цицачите имаат право на време од два и пол часа за капење за да се разладат во калта.

На секои шест месеци, мора да се обезбеди задолжителна здравствена проверка за сите слонови кои се во заробеништво. Понатаму, освен ако не учествуваат во државни продукции што се изведуваат под строг ветеринарен надзор, на слоновите не им е дозволено да учествуваат во филмови.

Оние што ќе ги прекршат правилата на новите прописи, може да се соочат со тригодишна затворска казна и одземање на слонот.

Во Шри Ланка, фаќањето диви слонови е кривично дело. Според законот, прекршокот носи смртна казна.